Според одлука на Влада на Р.Македонија за отстапување на возила без надомест, Агенцијата за управување со одземен имот е задолжена да ни отстапи моторни возила со кои би се подобрила состојбата на возниот парк.
Досега отстапени се четири лесни моторни возила и тоа:LANCIA LYBRA 1.9 JTD – 2001год.; SKODA FABIA 1.2 - 2008 год.; VOLKSWAGEN GOLF VARIANT 1.9 TDI – 1998 год.и VOLKSWAGEN GOLF 4 - 1.9 TDI, едно патничко моторно возило со 7 седишта VOLKSWAGEN SHARAN 1.9 TDI и едно товарно моторно возило FIAT FIORINO.Во тек е постапка за набавка на пет теренски возила, пет моторцикли, едно патничко возило средна класа и едно термокинг возило.