Денес прославуваме 41-на година од основањето на хидросистемот Стрежево (1978). Ако минатата година основањето на претпријатието го прославивме со свечена академија оваа година се одлучивме роденденот на фирмата да го одбележиме и прославиме со пошумување на ридовите на свлечиштето настанато во 2015 година на нашиот Главен канал за испорака на сирова вода.
Оваа локација е не случајно избрана. Со оглед дека од зафатната градба Г-0 на Главниот канал со вода се снабдува најголемиот производител на електрична енергија РЕК Битола и со вода за пиење и индустријата се снабдуваат општините Битола, Новаци и Могила како и се наводнува најголемата житница Пелагонија може да се кажи дека овај објект е од стратешко значење како за овие општини така и за нашата земја.
Со цел да го стабилизираме земјиштето над и под главниот канал и до некаде спречиме ерозија на истото за неможност во иднина настанување на нови свечишта и поплави се решивме да засадиме во прва фаза повеќе од 2000 багремови садници набавени со сопствени средства од расадникот на Македонски шуми.
Со засадувањето на овие садници се надеваме дека ќе допринесиме за здрава и почиста животна средина.
Како симбол на годишнината дрво ке засадиме и пред Управната зграда на јавното претпријатие во центарот на градот Битола.
Во акцијата за пошумување се вклучија сите вработени на Јавното претпријатие Стрежево, како и членовите на Управниот и Надзорниот одбор.
Уште еднаш сакам на вработените и на пензионерите од Стрежево да им го честитам роденденот на нашето претпријатие со желба за развој и нови инвестиции на хидросистемот а на граѓаните да им ветам рационално трошење на вода, а со тоа редовна и квалитетна испорака на вода преку целата година за сите водокорисници - директор, Методија Граматковски.