На 25.08.2019 година се одржа натпреварот во спортски риболов на рекреативната зона “Акумулација Стрежево”. Натпреварот го посетија директорот на ЈП "Стрежево" - Битола - Методија Граматковски и Претседателот на УО - Добри Петровски. Натпреварот е меѓународен со учество на 10 (десет) екипи од нашата земја, Србија и Црна Гора.
Организатор на натпреварот е ЗРРЕСК Црна Река - 1929 од Битола, а истиот е подржан од концесионерот ЈП “Стрежево“ - Битола. Натпреварот се одржа во дисциплината “пливка” (лов на риба со јадица на пливка), во поединечна и екипна конкуренција.
Натпреварот го следеа и претставници (инспектори) од Државниот инспекторат за земјоделство. По завршувањето на натпреварот во спортски риболов "Битола Куп" 2019, се доделија признанија на најуспешните во поединечна и екипна конкуренција.
Наградите во екипна конкуренција ги додели директорот на ЈП "Стрежево" - Битола, Методија Граматковски.Победници се ЗСРРК "Вардар" - Скопје, второ место - ЗСРРК "Кркушка"- Велес и трето место - ОСР "Морава 1925" - Чачак (Србија). Во поединечна конкуренција наградите ги додели Претседателот на Управниот Одбор на ЈП "Стрежево" - Битола, Добри Петровски. Редоследот на најуспешните е следен:1.Марјан Ристиќ (Вардар- Скопје); 2.Петар Булевски (Свети Апостол Павле - Охрид) и 3.Марјан Кралев (Кркушка - Велес).
Посебни индивидуални благодарници беа доделени од страна на Претседателот на ЗРРЕСК "Црна Река 1929" од Битола, Пеце Велевски на следните заслужни членови на здружението: Александар Прелевиќ, Стеван Ѓорѓиевски и Ѓорѓи Лозановски. Натпреварот и доделувањето на наградите помина во одлична, пријателска и спортска атмосфера, како што впрочем и доликува на оваа традиционална и реномирана манифестација.
ЈП “Стрежево“ - Битола оваа година дава особен придонес за продолжување на оваа долгодишна спортска традиција која претставува една од поважните обележја по кои рекреативната зона е препознатлива, а пред се' е во насока на развој на спортскиот и рекреативниот риболов.