Согласно годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд од рекреативната зона на акумулација “Стрежево”, како и риболовната основа за истата, вчера 23.12.2015 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за Земјоделство и овластена институција од областа на рибарството – Институт за сточарство при УКИМ – Скопје, беше извршено порибување на акумулацијата “Стрежево”.
Порибувањето се изврши со рибен подмладок од автохтона македонска поточна пастрмка во количина од 200 кг.со единечна маса од 20-50 гр. и вкупен број од околу 6000 единки .
Целта на порибувањето е да се зачуваат нашите автохтони видови на риба, а особено на македонската пастрмка која до пред десетина години беше во фаза на исчезнување.