Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

СООПШТЕНИЕ

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Пелагонискиот регион на повеќе локации избувнаа пожари. За нивно навремено локализирање и гаснење потребна е брза и ефикасна противпожарна интервенција.

 

Со цел заштита на јавниот интерес, безбедноста на граѓаните и овозможување непречено дејствување на противпожарните служби, директорот на ЈП "Стрежево" – Битола донесе Одлука со која се дозволува на Дирекцијата за заштита и спасување користење на водата од Акумулацијата „Стрежево“ за потребите на воздухопловно гаснење на отворени и шумски пожари.

Поради наведеното, се апелира до сите корисници на пловни средства во рекреативната зона да не ги користат чамците и другите пловни средства до понатамошно известување, со цел да се обезбеди непречено и безбедно користење на акумулацијата од страна на воздухопловите ангажирани во гаснењето на пожарите.

Мерката е превентивна и се презема во интерес на општата безбедност и заштитата на животот, имотот и природата.